228
Се очекува во текот на летниот преоден рок македонскиот напаѓач, Бојан Миовски да направи трансфер, но во меѓувреме тој ги одработува подготовките со Жирона и е дел од пријателските натпревари.
Жирона победи во Купот на Каталонија откако на пенали беше подобра од Еспањол, мечот во регуларниот тек заврши без голови.
Миовски го играше второто полувреме. Постигна и гол во пенал серијата која Жирона ја доби со 5-4.
Се шпекулира дека Миовски ќе се врати во Шкотска, заинтересирани за него се Ренџерс и Селтик, а не се исклучува ниту враќање во Абердин.