269
Само ден по големиот триумф над ФЦСБ во квалификациите за Лигата на шампионите, Шкендија ќе го одработи првиот тест во домашни услови.
Тетовци денеска од 18 часот ќе го пречекаат Работнички на „Градски“ во Тетово, пријателски натпревар кој е дел од планот за ротација и одржување на ритамот. Тренерот Јетон Беќири ќе им даде шанса на играчите кои синоќа имаа помала минутажа или останаа на клупата, додека останатиот дел од тимот ќе тренира според специјална програма.
Работнички, кој минатата недела беше елиминиран од Европа, го користи дуелот како дел од финалните подготовки за стартот на новата сезона во Првата лига.