ФЦСБ загуби од Шкендија во квалификациите за Лигата на шампионите (1-0) во Скопје, а по натпреварот поразот го призна тренерот Елиас Караламбус.
„Не одигравме добар натпревар. По дуелот во Андора, сакав да бидеме на подобро ниво, одигравме добро во домашното првенство и сега пак паднавме. Среќа за нас е што имавме расположен голман, можевме да примиме повеќе голови. Мора да се подобриме за реваншот. Честитки до Шкендија за оваа фер победа. Не го потценивме ривалот, не бевме во таква положба откако загубивме претходната седмица во Андора“, изјави Караламбус.
Романците важеа за фаворит во овој натпревар, ама не покажаа премногу. Шкендија има свои математики и шанси за реваншот на кој патува со гол предност.
Возвратниот дуел се игра следната среда (30 јуни) во Букурешт.