Македонскиот шампион Шкендија вечерва со 1-0 славеше против ФЦСБ (Стеауа) од Романија во првиот меч од второто квалификациско коло од Лигата на шампионите.
Шкендија оствари одличен резултат и сега само еден меч ја дели од историја, прв пласман во групна фаза во европските натпреварувања.
Ако Шкендија ја елиминира Стеауа, најмалку што може да ѝ се случи е пласман во групната фаза во Конференциската лига.
Ако тетовскиот тим ги мине Романците ќе обезбеди трето квалификациско коло во Лигата на шампионите, а ако испадне од таму ќе игра плејоф за пласман во групната фаза во Лига Европа кој ако го загуби ќе отиде во групите од Конференциската лига.
Секако Шкендија со поминување на второто квалификациско коло ќе има пат и кон групните фази од ЛШ и ЛЕ, но во најлош случај ќе биде дел од КЛ.
Ако се случи ова македонскиот тим ќе ја наполни и клупската каса за околу 3-4 милиони евра. Досега Шкендија со пласманот во второто квалификациско коло заработи 700.000 евра.