Гранит Џака ова лето беше на мета на најголемите клубови во Италија, но репрезентативецот на Швајцарија се реши за изненадувачки трансфер во Премиерлигата во редовите на повратникот Сандерленд.
Гранит Џака донел одлука за својата иднина, фудбалерот од средниот ред го информирал Баер Леверкузен дека сака само трансфер во Сандерленд.
Репрезентативецот на Швајцарија ова лето беше на мета на Милан, Интер и Јувентус, но тој ги одбил италијанските гиганти за враќање во Премиерлигата.
Сандерленд и Баер Леверкузен немаат постигнато договор за висината на трансферот, но Гранит Џака ги замолил „фармацевтите“ што е можно поскоро да пронајдат компромис со популарните „црни-мачки“.
ФОТО: X/Bayer 04 Leverkusen