Медиумите од Холандија пренесуваат дека пропаднал трансферот на Давид Ханцко во Ал Наср, дефанзивецот сега ќе се врати во тренинг кампот на Феенорд.
Ал Наср подолго време го мерка Давид Ханцко и се очекуваше овој месец Словакот да му стане соиграч на Кристијано Роналдо.
Но раководството на Феенорд сега е во неверица откако во последен миг пропадна трансферот од 40 милиони евра – што ќе беше рекордна продажба за клубот од Ротердам.
Како што пренесуваат медиумите, Давид Ханцко отпатувал во Австрија, каде Ал Наср се подготвува за новата сезона, но наместо да му се стави на располагање на тренерот Жор Жесус, му било кажано дека нема пристап до хотелот каде што се сместени фудбалерите и бил сместен на друго место.
Потоа му бил забранет и пристап до тренинг центарот и да работи со Кристијано Роналдо и останатите играчи на Ал Наср.
Откако станало јасно дека Ал Нср нема да го ангажира, тој си ги спакувал работите и се вратил во тренинг кампот на Феенорд во Германија.
„Тој се договори со Ал Наср, а се договори и Феенорд. Го повикаа во тренинг кампот, за само да му кажат дека е непожелен. Ова е скандалозно, ова е нешто невидено“ – коментираат од таборот на Феенорд.
ФОТО: X/Feyenoord Rotterdam