235
Екипата на Шкендија ќе се судри со ФЦСБ во второто коло од квалификациите за Лигата на шампионите.
Тетовчани ќе го дочекаат романскиот гигант во Скопје во вторник, а УЕФА веќе ги делегира официјалните лица. За овој натпревар се одбрани арбитри кои судат во белгиската елита. Главен судија е Натан Вербумен, а ќе му помагаат Хилает и Винс. Четвртиот судија и оние во ВАР собата се исто така Белгијци.
Шкендија е домаќин на ФЦСБ во вторник во 20:00 часот на „Тодор Проески“. Реваншот се игра на 30 јули во Букурешт, а за него се одбрани украински судии на чело со Деревински.