Баерн подготвува нова подобрена понуда до Ливерпул за Диаз

by 24 фудбал
1 минути читање

Луис Диаз и понатаму има желба да си замине од Ливерпул, а Баерн Минхен не се откажува од намерата да го донесе на „Алијанц Арена“.

Баварците наскоро ќе испратат нова понуда, откако претходната од 67 милиони евра беше одбиена. Намерата е да се подобрат условите и да се изврши притисок врз Ливерпул, кој засега останува цврст на ставот.

Баерн паралелно води преговори и за Волтемаде, но трансферот на Луис Диаз останува приоритет, особено што клубот има простор да понуди повеќе од конкуренцијата.

Барселона, пак, сè уште е во контакт со агентите на Колумбиецот, но финансиските ограничувања би можеле да бидат пречка во трката со германскиот гигант.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×