160
Вулверхемптон ќе му оддаде голема чест на Диого Жота, кој ќе биде постхумно вклучен во „Куќата на славните“ на клубот, како симболична почит за сè што направи во дресот на „волците“.
Португалецот пристигна на „Молинју“ во 2017 година од Атлетико Мадрид и веднаш стана миленик на навивачите. За Вулвс одигра 131 натпревар и постигна 44 гола, а беше еден од клучните играчи во сезоната 2017/18 кога тимот ја освои титулата во Чемпионшип и се врати во Премиер лигата.
Со Жота во нападот, Вулверхемптон потоа избори и пласман во Лигата на Европа, завршувајќи на седмото место во својата прва сезона во елитата по кам-бекот во Премиер лигата.