Низ медиумите повторно кружат шпекулации за рекордна понуда од Саудиска Арабија за ангажман на Винисиус Жуниор, интересно, ваквите гласини се појавуваат секогаш кога ќе заглават преговорите за нов договор на Бразилецот.
Винисиус Жуниор често се поврзува со богат трансфер во Саудиска Арабија, денеска повторно се појавија гласини за рекордна понуда од 350 милиони евра.
Интересно, ваквите написи секогаш се појавуваат кога ќе запнат преговорите помеѓу Бразилецот и Реал Мадрид за нов договор.
На почетокот од оваа недела беше објавено дека „кралевите“ одбиле да му ја исполнат желбата на Винисиус Жуниор да има поголема плата од Килијан Мбапе, и ќе мора да се задоволи со примања приближни на оние на Французинот.
И само неколку дена подоцна, почнаа да кружат шпекулации за мега понуда од Саудиска Арабија.
Останува да се види дали ова е еден вид на тактика од агентите на Бразилецот за да се изборат за што подобри услови, или пак Саудиска Арабија внимателно следи што се случува и сака да го искористи секое недоразбирање помеѓу Бразилецот и Реал Мадрид.