Eдна несекојдневна сцена беше забележана во пријателскиот натпревар помеѓу Осијек од Хрватск и Динамо Киев од Украина која беше прекината во самата завршница.
Двете екипи ги одмерија силите во рамките од летните подготовки, а за главен судија на овој меч беше избран Јулијан Вајнбергер од Австрија кој на крајот се најде во центарот на вниманието.
Австриецот немаше лесна задача и се соочи со големи проблеми поради реакциите на украинските фудбалери, а поради еден прекршо кво 85 минута одлучи да си замине од теренот заедно со своите помошници.
Овој потег го направи во знак на револт поради ужасните реакции на фудбалерите на Динамо кои биле агресвни од првата минута и не изгледало како да играат пријателски натпревар.
Кога е резултатот во прашање Осијек во 85. минута имаше предност од 1-0.
Ситуацијата од овој натпревар можете да ја погледнете – ТУКА.