Домино ефект: Од трансфер битката помеѓу Ливерпул и Њукасл може да настрада Манчестер јунајтед

by bojan
1 минути читање

Манчестер јунајтед може да биде колатерална жртва од трансфер битката помеѓу Ливерпул и Њукасл, клубот од „Сент Џејмс Парк“ ќе се насочи кон други цели и прва опција му е Јоан Виса од Брентфорд.

Ливерпул и Њукасл изминативе денови се надмудруваат на трансфер пазарот и се чини дека „црвените“ ќе го украдат Уго Екитике од Ајнтрахт Франкфурт.

Од оваа трансфер битка, колатерална жртва може да биде Манчестер јунајтед.

Имено, Њукасл сега се насочува кон други цели за засилување на нападот и при врвот е името на Јоан Виса од Брентфорд.

Брентфорд не сака ова лето да остане без двете ѕвезди во нападот – Јоан Виса и Брајан Мбеумо, па доколку Њукасл успеа да договори трансфер на фудбалерот од Конго, големи се шансите Манчестер јунајтед да извиси во намерата да го ангажира репрезентативецот на Камерун.

„Ѓаволите“ еден месец се обидуваат да го ангажираат Брајан Мбеумо, но преговорите запнаа откако Брентфорд ја покачи цената на 70 милиони фунти, а Манчестер јунајтед реши да не оди повеќе од 65 милиони фунти.

ФОТО: X/Brentford FC

Можно е и ова да ти се допаѓа

×