Лукас Васкез по десет години си заминува од Реал Мадрид. Легендата од десната страна ја затвора белата приказна по одиграни 398 натпревари и освоени 23 трофеи.
Фудбалерот кој во младинските денови беше дел од славната генерација на Кастиља заедно со Карвахал, Мората, Начо, Сарабија и Хоселу, одигра само една сезона во Еспањол пред да се врати на Сантијаго Бернабеу за еден милион евра.
Од 2015 година беше незаменлив дел од ростерот на Реал, секогаш подготвен да влезе и даде максимум без разлика кој бил тренерот. Со клубот ја освои Лигата на шампионите пет пати, што е дел од импресивниот биланс со вкупно 23 пехари.
Клубот објави дека ќе организира официјално проштално збогување во четврток, ден откако Васкез на социјалните мрежи емотивно се прости од навивачите и од институцијата што му ја обележа кариерата.