208
Фудбалерот на Реал Мадрид, Џуд Белингем денеска бил успешно опериран, Англичанецот замина под нож за да го реши проблемот со рамото, повреда која ја влече уште од времето во Борусија Дортмунд.
Џуд Белингем речиси две години и 100 натпревари игра со болка во рамото, па фудбалерот од средниот ред по настапот на Светското клупско првенство реши да „оди под нож“.
Од таборот на Реал Мадрид попладнево брифираа дека операцијата била успешно завршена и фудбалерот ќе го почне процесот на рехабилитација.
Како што пренесуваат медиумите од Шпанија, се очекува Џуд Белингем да биде надвор од терените помеѓу 10 и 12 недели, и да се врати на терените на крајот од октомври месец.