Шкендија прво го дочекува, па му гостува на некогашниот европски првак во ЛШ

by 24 фудбал
0 минути читање

Екипата на Шкендија со победа од 2-1 против ТНС се пласира во второто коло од квалификациите за Лигата на шампионите.

Со победата во Скопје македонскиот првак се избори за долго европско лето и солидна финансиска инекција. Сега пред тетовчани е двомечот против романскиот гигант ФЦСБ.

Тимот кој во минатото го носеше името Стеауа и беше европски првак прво ќе гостува во Скопје, на 22 јули во 20:00 часот на арената „Тодор Проески“. Потоа реваншот се игра на 30 јули во 19:30 часот во Букурешт.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×