Манчестер јунајтед ова лето заработи 20 милиони фунти без да продаде фудбалер

by bojan
1 минути читање
Манчестер јунајтед

„Ѓаволите“ до овој момент инкасираа 20 милиони фунти од трансфер пазарот и покрај тоа што не продадоа ниту еден фудбалер, парите сигурно ќе бидат добредојдени за Сер Џим Ратклиф и неговите соработници.

Манчестер јунајтед ова лето сака да се раздели со неколку фудбалери и да прибере средства за кроење на тимот по мерак на Рубен Аморим.

Маркус Рашфорд, Џејдон Санчо, Антони, Алехандро Гарначо и Тајлер Маласија се први на листата за отстрел, но се уште не е најден купец за ниту еден од нив.

Но и покрај тоа што не продадоа ниту еден фудбалер, „ѓаволите“ до овој момент инкасираа 20 милиони фунти од трансфер пазарот.

Прво добија 5 милиони фунти од Челси како казна за тоа што „сините“ не го купија во целост Џејдон Санчо.

Потоа „лапнаа“ околу 6 милиони фунти како процент од следната продажба по трансферот на Антони Еланга од Нотингем Форест во Њукасл.

Со слична клаузула добија 7 милиони фунти и од трансферот на Алваро Карерас од Бенфика во Реал Мадрид,

И за крај, инкасираа 2 милиони фунти од трансферот на Максимилијан Оједеле од Легија Варшава во Стразбур.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×