Консеисао ќе мора да се откаже од многу милиони за да направи трансфер во Јувентус

by bojan
1 минути читање
Консеисао пред важна одлука доколку сака да продолжи во Јувентус

Јувентус и Порто си подале рака за трансфер на Франсиско Консеисао но за зделката да се реализира, фудбалерот ќе треба да се откаже од над 6 милиони евра.

Јувентус и Порто подолго време водат преговори за позајмицата на Франсиско Консеисао да стане перманентен трансфер и двата клуба синоќа конечно си подале рака.

Голем број на извори пренесуваат дека двата клуба договориле трансфер вреден околу 32 милиони евра, сумата ќе биде платена во период од четири години.

Сепак, за зделката да се реализира, потребно е Франсиско Консеисао да се откаже од клаузулата според која му припаѓаат 20% од трансфер сумата, или во овој случај околу 6,4 милиони евра.

Порто бара Франсиско Консеисао тоа да го стори написмено, и претседателот Андре Вилаш Боаш дал рок од 24 часа – или во спротивно трансферот нема да се реализира.

Од денеска, откупната клаузула на Франсиско Консеисао порасна на 45 милиони евра (до 15. јули беше 30 милиони евра) па доколку фудбалерот не се откаже од својот дел од трансферот, дополнително ќе се комплицираат работите во следниот период.

ФОТО: fb/JuventusFC

Можно е и ова да ти се допаѓа

×