Шокантна елиминација за Олимпија и Митровски во ЛШ

by 24 фудбал
0 минути читање

Олимпија Љубљана доживеа шокантна елиминација во првото претколо од квалификациите за Лигата на шампионите.

Словенечкиот шампион загуби од Каират од Казахстан, откако реваншот заврши без победник (1-1). Претходно Казахстанците шокантно победија на гости во Љубљана 0-2 и дома го одбранија стекнатото водство.

За Олимпија Љубљана играше Димитар Митровски кој влезе во игра во 39. минута, меѓутоа не успеа да му помогне на тимот да се пласира понатаму.

Следно за Олимпија и Митровски е продолжување на квалификациите, но во Лигата на Европа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×