Ливерпул експресно го одбил предлогот на Баерн Минхен вреден 67,5 милиони евра за Луис Диаз, напаѓачот ќе биде продаден само за луда сума, или околу 100+ милиони евра.
„Баварците“ повлекле конкретен чекор и понудиле 67,5 милиони евра за ангажман на Луис Диаз, но Ливерпул веднаш го одбил предлогот.
„Црвените“ и понатаму се на ставот дека фудбалерот од Колумбија не е на продажба, и позицијата ќе се промени само доколку на маса биде ставена луда сума.
Се шпекулира дека клубот од Енфилд го вреднува Луис Диаз на 100+ милиони евра, имајќи го во предвид неговото реноме на домашната и светска сцена, актуелните пазарни цени, но и она што Саудиска Арабија е подготвена да плати за играчи од сличен калибар.
Ливерпул исто така знае дека Баерн Минхен бил подготвен да одвои 100 милиони евра за Флоријан Вирц, плус дополнително им е потребно засилување за офанзивата по повредата на Џамал Мусиала, па ќе ги натера „баварците“ да бркнат длабоко во џебот за да го ангажираат Луис Диаз.
ФОТО: X/Liverpool FC