Њуксал прави рекорден трансфер и ќе креира страшно напаѓачко дуо?!

by bojan
1 минути читање
Екитике пред неколку дена се поврзуваше со Њукасл, но денеска си подаде рака за трансфер во Ливерпул

Голем број на извори од „островото“ пренесуваат дека Њукасл е во преговори со Ајнтрахт Франкфурт за ангажман на Уго Екитике во зделка вредна околу 80 милиони евра (околу 70 милиони фунти).

Њукасл е на чекор до рекорден трансфер, на „Сент Џејмс Парк“ треба да пристигне Уго Екитике од Ајнтрахт Франкфурт.

Агентот Али Барат во моментов е во Њукасл и ги пегла последните детали од зделката која ќе биде најголема во историјата на популарните „свраки“ – односно околу 80 милиони евра (околу 70 милиони фунти).

Исто така, се говори дека планот е Уго Екитике да креира страшно напаѓачко дуо со Александер Исак, односно неговиот ангажман нема да биде подготвување терен за продажба на Швеѓанецот.

Александер Исак ова лето е во бележникот на неколку клубови, се говори дека Ливерпул најсериозно загриза, но во моментов Њукасл не сака да ја продаде својата прва ѕвезда.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×