Челзи го победи ПСЖ со убедливи 3:0 во големото финале на Светското клупско првенство FIFA Club World Cup 2025TM во Њу Џерси и ја освои титулата на FIFA Club World Cup 2025TM. Лондонскиот тим го реши натпреварот во првите 45 минути! Кол Палмер постигна два гола, Жоао Педро исто така постигна еден гол, а парижаните останаа без вистински одговор. Додека на теренот „сините“ рутински го доведоа натпреварот до крај, Gorenje, како официјален партнер на турнирот, се погрижи навивачите во домовите низ целиот свет да уживаат во натпреварот и прославата во атмосфера достојна за големо финале, со врвни, сигурни и енергетски ефикасни фрижидери, кои ги одржуваа храната и пијалоците свежи за секоја заедничка прослава.
Финалето на познатиот стадион „Метлајф“ беше вистински показател за моќта на Челзи, но и уште една можност за Gorenje да покаже колку добро знае да биде во чекор со ритамот на спортот и животот. Финалната вечер во Њу Џерси уште еднаш ја потврди посветеноста на брендот Gorenje кон спортот и вредностите што ги носи, заедништво, страст, посветеност и квалитет. Со традиција долга 75 години, Gorenje стана синоним за сигурни апарати и иновации што го подобруваат секојдневниот живот, а неговото име е поврзано со најголемите спортски настани низ целиот свет. Покрај партнерството со FIFA Club World Cup 2025TM компанијата беше со фановите и на UEFA EURO 2024™, на EHF ракометните првенства во последните години, како и преку долгорочна поддршка за клубови и национални тимови како што се РК Gorenje Velenje и словенечкиот скијачки тим.
Во исто време, Gorenje ги трансформира своите вредности во производи што го олеснуваат секојдневниот живот на модерен, паметен и економичен начин. Новата генерација фрижидери комбинира дизајн и напредна технологија за да им обезбеди на корисниците идеална рамнотежа помеѓу свежина и енергетска ефикасност. Благодарение на решенија како што се AdaptTech, кој ги учи навиките на корисникот и го прилагодува ладењето, NoFrost, кој спречува формирање мраз, и напредните инвертерски системи за оптимална потрошувачка на енергија, Gorenje комбинираните фрижидери ја одржуваат храната посвежа, подолго, подобро и поекономично!
Без разлика дали станува збор за освежување за време на интензивни натпревари или секојдневни оброци со семејството и пријателите, Gorenje на корисниците им нуди на апарати кои се безбедни и едноставни, оставајќи им повеќе време да се посветат на работите што најмногу ги сакаат, како што се спортот и моментите поминати со своите најблиски. Со искуство, традиција и посветеност на квалитетот, Gorenje останува сигурен партнер, како на големите спортски настани, така и во секој дом.
Посетете ја веб-страницата на Gorenje и дознајте повеќе за фрижидерите кои ја следат вашата игра и го штитат вашето секојдневие. Изберете го шампионот за вашиот дом, бидејќи вистинските победи започнуваат од дома!