Пет фудбалери на Јунајтед добиле забрана да тренираат со првиот тим, ќе работат сами и тоа после 17 часот

by bojan
1 минути читање
Аморим

„Ѓаволите“ не се шегуваат и вовеле посебен режим за фудбалерите на кои не смета Рубен Аморим, тие нема да тренираат со првиот тим, и ќе можат да работат после 17 часот, откако ќе завршат останатите.

Рубен Аморим креираше листа за отстрел – ова лето клубот треба да го напуштат Маркус Рашфорд, Џејдон Санчо, Антони, Алехандро Гарначо и Тајлер Маласија.

Како што пренесува Атлетик, тренерот на Манчестер јунајтед не сака да има ништо со овие петмина фудбалери, па воведен е посебен режим.

Тие добиле забрана да тренираат со првиот тим, и ќе можат да го користат тренинг комплексот во Карингтон само после 17 часот – откако ќе завршат останатите.

Во моментов само Маркус Рашфорд е вратен на Манчестер за подготовките за новата сезона и тој тренира индивидуално, се очекува во текот на неделата да му приклучат и другите имиња на листата за отстрел.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×