Њукасл сака напаѓач од 100 милиони евра! Се подготвува ли заминување на Исак?

by riste
1 минути читање

Eкипата на Њукасл која пред два дена го потврди ангажманот на Антони Еланга летово би можела да доведе уште едно засилување во нападот и тоа од Бундеслигата.

Станува збор за напаѓачот на Ајнтрахт, Хуго Екитике за кои има интерес од повеќе клубови.

Њукасл во него можеби глада тандем со Александер Исак, но можеби се подготвува и за негово заминување.

Исак е мета на Ливерпул, а можно е во трката да се вклучи и Арсенал.

Екитике се поврзуваше со Њукасл уште во 2022, но тогаш англискиот клуб не успеа да го ангажира.

Напаѓачот во минатата сезона постигна 22 гола и подели 12 асистенции, а Ајнтрахт во неговиот договор вметна откупна клаузула од 100 милиони евра. Германците немаат финансиски притисок и нема да брзаат, па така можат да бараат висока сума.

Фото: Eintracht Frankfurt/X

Можно е и ова да ти се допаѓа

×