„Роналдо не е нормален!“ – лудата приказната на Матуиди и ЦР7 во 2 часот наутро

by bojan
1 минути читање

Блес Матуиди раскажа луда приказна поврзана со Кристијано Роналдо од времето во Јувентус, кога сите биле уморни по едно тешко гостување, Португалецот во 2 часот наутро отишол во теретана за да се „релаксира“.

Речиси и да нема фудбалер кој делел соблекувална со Кристијано Роналдо а да не е импресиониран од работната етика на Португалецот.

Таква е и случајот со Блес Матуиди, кој му беше соиграч на ЦР7 од 2018 до 2020 година во Јувентус.

Во разговор со Тутоспорт, тој раскажа луда приказна, како сите биле уморени по едно тешко гостување, но Кристијано Роналдо во 2 часот наутро отишол во теретана за да се „релаксира“.

„Кристијано беше импресивен професионалец, опседнат со работа. Една вечер, се вративме во Континаса (тренинг центарот на Јувентус) во 2 часот наутро. Имавме тешко гостување, бевме исцрпени и само требаше да ги земеме автомобилите… Но Роналдо го убеди Бенатија да му се придружи во теретана на една сесија за опоравување и релаксирање“ – вели Блес Матуиди.

„Мислев дека не е нормален… но Роналдо е таков. Никогаш не застанува. Тоа е тајната на неговиот успех, затоа и денеска прави разлика на теренот“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×