Милан се подготвува за пречек на Лука Модриќ, познато е кога Хрватот слетува во Милано!

by riste
0 минути читање

Хрватската фудбалска легенда, Лука Модриќ го заврши 13-годишниот престој во Реал Мадрид, сега се очекува да го комплетира трансферот во Милан.

Според пишувањата, Модриќ веќе утре (понеделник) треба да слета во Милано и да ја почне процедурата за официјализирање на преминот во Милан.

Медицинските прегледи се закажни, Хрватот треба да ги помине и да стави потпис на договорот.

Целта на Милан со трансферот на Модриќ е пред се да ги искористи неговите лидерски способности за да го крене целиот тим на едно повисоко ниво.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×