235
Струга Триум Лум со 3-1 славеше над Пелистер во контролен натпревар кој се одигра на стадионот во Битола.
Струга поведе со гол на Радески на самиот почеток од мечот, а Зенку зголеми на 2-0.
Пелистер погоди преку својот капитен Мирко Ивановски во 29. минута намалувајќи на 2-1. Тоа беше резултатот по првото полувреме.
Во финишот од мечот Струга даде и трет гол кој беше дело на Османи за конечна нивна победа од 3-1.
Фото: ФК Пелистер