Реал Мадрид ја одреди цената за Родриго, Бразилецот е на продажба

by riste
1 минути читање

Мала е веројатноста дека Родриго ќе остане во Реал Мадрид, чести се гласините за негово заминување, па се очекува наскоро тоа да се случи.

Реал Мадрид сака да го продаде Бразилецот, а цената која ја одредиле е 100 милиони евра.

Флорентино Перез со продажбата од Родриго сака да ги покрие трансферите на Алваро Карерас кој чини 50 милиони евра и Ибрахим Конате кој се очекува да биде околу 40-50 милиони евра.

Родриго најчесто се поврзуваше со трансфер во Арсенал, времето ќе покаже дали ќе се пресели таму или можеби во некој друг клуб.

Според неговата минутажа на Светското клупско првенство, Чаби Алонсо не смета на него.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×