Стоперот на Атлетик Билбао, Јерај Алварез, паднал на допинг-тест по мечот против Манчестер Јунајтед во полуфиналето од Лига Европа.
30-годишникот сам ја сподели информацијата преку социјалните мрежи и објасни дека во неговото тело е пронајдена забранета супстанца од лек што го користел како превенција против губење коса. Тој истакна дека супстанцата е внесена ненамерно, а лекот го користел со години поради проблемите со алопеција, кои му се појавиле по победата над ракот на тестисите.
„Дисциплинската постапка е во тек и поради доверливоста нема да давам дополнителни изјави и привремено сум суспендиран“, порача Алварез.
Атлетик Билбао се огласи со соопштение во кое изрази жалење за „човечка грешка“ и додаде дека клубот нема право да коментира додека трае истрагата.
Фото: Athletic Bilbao/Twitter