Тотнем во еден ден договори уште едно капитално засилување!

by 24 фудбал
0 минути читање

Тотнем фати сериозен залет на трансфер-пазарот и за помалку од 24 часа клубот од Лондон осигура две звучни засилувања.

По ангажманот на Мохамед Кудус од Вест Хем, „спарси“ ја активираа и откупната клаузула од 60 милиони евра за Морган Гибс Вајт. Англичанецот блескаше во дресот на Нотингем Форест, а сега се очекува во следните денови и официјално да биде претставен на „Тотнем Хотспур стадион“.

Тотнем веќе го потврди откупот на Матис Тел од Баерн, го договори и Вушковиќ од Хајдук, а во тимот пристигна и јапонскиот талент Коту Такаи од Кавасаки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×