Македонија ЃП се засили со Мухамед Елмас

by riste
0 минути читање

Повратникот во Првата македонска фудбалска лига, Македонија Ѓорче Петров денеска го промовираше Мухамед Елмас за ново засилување.

19-годишниот Елмас минатата сезона ја мина во Гостивар, сега доаѓа како слободен играч во Македонија Ѓорче Петров.

Мухамед Елмас кој е роднина на Елиф Елмас кариерата ја почна во младинската академија на Работнички. Тој треба да биде добро засилување за Македонија ЃП која цели да создаде конкурентен тим за новата сезона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×