Сараево им фрли мерак на македонските фудбалери, по Ристовски таму оди уште еден наш репрезентативец

by riste
1 минути читање

Утрово се појави информацијата дека Сараево ќе го ангажира Стефан Ристовски, а подоцна стигна и веста дека босанскиот тим сака да го ангажира и Агон Елези.

Елези е фудбалер на Бохум кој минатата сезона ја мина на позајмица во Горица. Негов следен клуб може да биде Сараево доколку преговорите завршат успешно.

Наводно разговорите се во напредна фаза и работата е блиску до комплетирање.

Технички директор на Сараево пред една недела стана поранешниот фудбалер на овој клуб и македонски репрезентативец, Крсте Велкоски.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×