Милан и Комо својот натпревар од 26. коло во Серија А ќе го играат во Австралија, домаќин на пресметката ќе биде Перт.
Италијанскиот фудбал се подготвува за историски натпревар – Милан и Комо ќе ги одмерат силите во Перт, Австралија.
На барање на клубовите и Серија А, Фудбалската федерација на Италија даде зелено светло за едно вакво сценарио.
Во рамките на 26. коло закажано за 7-8 февруари 2026 година, Милан треба да го пречека Комо на Сан Сиро, но стадионот во тој период е резервиран за отворањето на Зимските олимписки игри.
Па двата клуба и Серија А ја искористија оваа прилика за организирање прв натпревар во странство, а дестинацијата е Перт, Австралија.
Сега зелено светло треба да дадат УЕФА, ФИФА, Фудбалската конфедерација на Азија како и Фудбалската федерација на Австралија, но се верува дека ова ќе биде само формалност.