Првиот човек на Наполи со зајадлив коментар: Ќе го направиме Гарначо два пати подобар фудбалер!

by bojan
1 минути читање

Првиот човек на Наполи, Аурелио Де Лаурентис наводно го потврдува интересот за Алехандро Гарначо и вели дека ќе го направат Аргентинецот два пати подобар фудбалер.

Наполи се обиде да го ангажира Алехандро Гарначо во јануари како замена за Квича Кварацхелија, но зделката тогаш не се реализираше.

Медиумите сега шпекулираат дека актуелниот шампион на Италија повторно тргнува во офанзива, но сега е подготвен да платат само 45 милиони фунти (во јануари се шпекулираше со сумата од 60 милиони фунти).

Првиот човек на „наполитанците“ исто така е цитиран како го потврдува интересот и упатува зајадлив коментар.

„Гарначо има брзина, креативност, потенција… но сосема друга е главната причина поради која сакаме да го ангажираме. Го сакаме бидејќи игра во Манчестер јунајтед. И штом го извадиме од таму, тој ќе стане два пати подобар фудбалер. Има некој проблем во Манчестер јунајтед, не можам да го објаснам“ – наводно вели Аурелио Де Лаурентис.

Сепак, добро упатениот новинар Фабрицио Романо пренесе дека Де Лаурентис не дал никакви изјави ниту пак интервјуа поврзани со Алехандро Гарначо. Тој исто така додава дека Наполи во овој момент не работи на трансфер на Аргентинецот.

ФОТО: X/Manchester United

Можно е и ова да ти се допаѓа

×