Арсенал го потврди третото засилување, еве зошто Микел Артета го одбра Кристијан Норгард

by bojan
1 минути читање

Арсенал го потврди третото засилување, еве зошто Микел Артета го одбра Кристијан Норгард

„Топчиите“ попладнево го потврдија трансферот на Кристијан Норгард од Брентфорд, фудбалерот стави потпис на двегодишен договор со опција за додатни 12 месеци.

Кристијан Норгард е третото засилување за Арсенал ова лето, Данецот пристигнува од Брентфорд во зделка вредна околу 10 милиони фунти, плус додатни 5 милиони фунти во бонуси.

Станува збор за трансфер нетипичен за „топчиите“, но има неколку причини зошто Кристијан Норгард пристигнува во Северен Лондон.

На Арсенал му беше потребен нов фудбалер од средниот ред со оглед на тоа дека клубот го напуштија Жоржињо и Томас Парти.

Една опција беше младиот Лусиен Агуме од Севиља, но Алберт Сами Локонга (кој минатата сезона делеше соблекувална со Агуме) е предупредувачки пример откако не успеа да се наметне во Арсенал, слично како и Фабио Виеира од Порто (за кого беа платени 40 милиони евра).

Микел Артета го пикирал 31 годишниот Кристијан Норгард бидејќи претпочита играч кој веќе е подготвен и докажан во Премиерлигата.

Данецот помина шест години во Брентфорд, беше еден од клучните за промоцијата во Премиерлигата, а ја доби и капитенската лента на „пчелите“.

Можеби Кристијан Норгард нуди мала препродажна вредност, но доаѓа за релативно ниска сума, со што се намалува финансискиот ризик од трансферот.

ФОТО: X/Arsenal

Можно е и ова да ти се допаѓа

×