266
Саудискиот клуб Ал Кадсија направи „бомба“ на трансфер-пазарот и постигна договор со Аталанта за ангажман на италијанскиот напаѓач Матео Ретеги.
Според информациите од трансфер-експертот Фабрицио Романо, вредноста на трансферот изнесува 67 милиони евра, а договорот е комплетно постигнат и останува само размена на документи меѓу клубовите.
Ретеги ќе потпише долгорочен договор со новиот член на саудиската елита, а во однос на личните услови, напаѓачот ќе заработува повеќе од шестпати повисока плата од таа што ја имаше во Италија.
Овој потег е нов доказ за сериозната офанзива на клубовите од Саудиска Арабија, кои и ова лето влечат имиња од највисок ранг во европскиот фудбал.