Првиот човек на Ла Лига имал свој „удел“ во пропаднатиот трансфер на Вилијамс во Барселона!

by 24 фудбал
1 минути читање

Нико Вилијамс долго време важеше за желба на Барселона, но шпанскиот репрезентативец на крајот реши да остане во Атлетик Билбао и да стави потпис на долгогодишен договор, потпишувајќи на дури десет години. Медиумите сега откриваат дека важна улога во пропаднатиот трансфер имал претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас.

Според информациите од Шпанија, Тебас на состанок со раководството на Атлетик Билбао наводно открил доверливи финансиски податоци за Барселона. Тој покажал дека каталонскиот гигант нема простор за регистрација на нови фудбалери, вклучително и на Вилијамс, поради финансиските ограничувања.

Откако ја добиле оваа информација, челниците на Атлетик веднаш стапиле во контакт со играчот и неговиот агент, што резултирало со потпишување на новиот договор.

Барселона остана без потенцијално големо засилување, а Вилијамс реши да остане верен на клубот во кој созреа како фудбалер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×