Oфанзивецот на Нотигем Форест, Антони Еланга е нов фудбалер на Њукасл, објави италијанскиот инсајдер Фабрицио Романо.
Според информациите на Романо, Њукалс ќе плати сума од 55 милиони фунти или околу 64 милиони евра.
Еланга има 23 години и уште како тинејџер притигна во академијата на Манчестер јунајтед, но на „Олд Трафорд“ не доби вистинска шанса. Тпа го искористи Нотингем кој пред две години го откупи неговиот договор за 16 милиони евра.
Во текот на изминатата сезона, Еланга експлодираше во Форест каде што одигра 82 натпревари во сите натпреварувања во кои постигна 11 гола и додаде 21 асистенција.
Кога е неговата позиција во прашање се очекува да игра на позицијата десно крило и да го сочинува ударното трио со Ентонио Гордон и Александар Исак, ако двајцата останат во Њукасл.