Мусиала беше опериран, а кога ќе се врати – никој не знае!

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерот на Баерн Минхен, Џамал Мусиала беше успешно опериран по сериозната повреда заработена против ПСЖ на Светското клупско првенство.

Германецот во обид да дојде до една топка влезе во дуел со Џанлуиџи Донарума и заработи скршеница на ногата.

По враќањето во Германија на Мусиала му беше извршена операција и веќе започна со рехабилитацијата. Според најавите од германскиот гигант, опоравувањето ќе трае повеќе месеци и засега нема точен датум кога би се вратил на теренот, тоа треба да зависи од динамикатта на неговото опоравување.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×