Интер со богата понуда сака да го привлече Донарума назад во Милано!

by 24 фудбал
1 минути читање

Интер се подготвува за летна офанзива на трансфер пазарот, откако минатата сезона остана без трофеј, а во клубот се свесни дека е потребно сериозно освежување на ростерот.

Конфликтот меѓу Хакан Чалханоглу и капитенот Лаутаро само го забрза заминувањето на Турчинот, а по него, клубот би можел да го напушти и Јан Зомер. Искусниот голман е под лупа на раководството, кое верува дека веќе го има минато својот врв и дека време е за ново решение меѓу стативите.

Големата желба на „нероаѕурите“ е Џанлуиџи Донарума. Италијанскиот репрезентативец зад себе има одлична сезона во ПСЖ, но договорот со клубот од Париз му истекува следното лето, а преговорите за продолжување не одат во најдобар правец. Интер сака да го искористи моментот и веќе подготвува петгодишна понуда со одлични услови.

Почетната плата би изнесувала 7.5 милиони евра, со прогресивно зголемување до 11 милиони во последната година од договорот.

Сепак, дури и ако Донарума даде зелено светло, останува тешката задача – да се најде заеднички јазик со ПСЖ и да се договори отштета за еден од клучните играчи на тимот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×