И времето е против фудбалот во САД, нов прекин на натпревар од СКП!

by 24 фудбал
1 минути читање

Светското клупско првенство повторно се соочи со прекин, и тоа по веќе виденото сценарио – невреме и обилен дожд го стопираа фудбалот.

Овојпат натпреварот меѓу Бенфика и Оукленд Сити во Орландо беше ставен во мирување пред почетокот на второто полувреме. Организаторите проценија дека теренот на „Интер&Ко Стадион“ не е безбеден за игра, па судијата не даде знак за продолжување.

Во моментот на прекинот, Бенфика имаше минимална предност од 1-0, изборена дури во осмата минута од судиското продолжение на првото полувреме, кога Анхел Ди Марија беше прецизен од белата точка. Иако важеше за апсолутен фаворит, португалскиот гигант не блескаше против аматерскиот состав од Нов Зеланд.

Сличен прекин поради лоши временски услови се случи и вчера, на дуелот меѓу Палмеирас и Ал-Ахли. Очекувањата се мечот меѓу Бенфика и Оукленд Сити да продолжи штом временските услови го дозволат тоа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×