266
Eкипата на кратовски Силекс која ја очекув настап во квалификациите за Конференциската лига против црногорскиот Дечиќ потврди ново засилување во своите редови.
Нов фудбалер на македонскиот вицешампион е Омар Беровиќ кој пристигнува од Работнички.
Станува збор за фудбалер кој има голем потенцијал, а тоа го покажа и минатата сезона во младинската лига каде што со 19 голови беше најдобар стрелец.
Покрај настапите во дресот на Работнички тој е дел и од репрезентацијата на Македонија до 19 години.