Македонскиот репрезентативец Агон Елези повеќе не е дел од хрватската Горица, откако клубот официјално ја потврди разделбата со дефанзивецот кој се враќа во редовите на германскиот Бохум.
Елези во Горица настапуваше како позајмен играч од Бохум, клуб кој не успеа да го задржи прволигашкиот статус и во новата сезона ќе се натпреварува во германската Втора лига – Цвајт.
Сè уште не е познато дали германскиот тим ќе смета на услугите на 23-годишниот играч за наредната сезона, но она што е сигурно е дека Елези има важечки договор со Бохум до 2027 година.
Во својата досегашна кариера Елези ги носеше дресовите на неколку клубови како Вараждин, Скендербег, Влазерими, Шкупи и француски Каен.