Црногорецот кој блесна во калчото на мета на премиерлигаш

by 24 фудбал
1 минути читање

Црногорскиот голгетер Никола Крстовиќ доби понуда од Лидс Јунајтед и сега ја има топката на своја половина – да избере дали ќе се пресели на Островот или ќе чека повик од поголем италијански клуб.

Напаѓачот на Лече зад себе има солидна сезона во Серија А со 11 погодоци, а иако англискиот премиерлигаш е конкретен, Крстовиќ сè уште не ја донел конечната одлука за својата иднина.

Според медиумите на „чизмата“, фокусот сега е на тоа дали ќe прифати авантура во Англија или ќе остане во Италија и ќе се надева на трансфер во посилен клуб од Лече.

Ако замине, клубот веќе има алтернатива – како можна замена се споменува името на Кевин Карлос од Базел.

Во меѓувреме, Лидс работи и на засилување на одбраната, а близу е да го ангажира Јака Бијол од Удинезе.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×