Иван Перишиќ и понатаму е дел од трансфер шпекулациите поврзани со Барселона, но конкретен потег од страна на каталонскиот гигант сè уште нема. Според најновите информации на „Мундо Депортиво“, ситуацијата останува неизвесна, а времето полека истекува.
Новото засилување на тренерската позиција, Ханси Флик, е голем поборник за трансферот и ја гледа хрватската ѕвезда како клучен дел од својата визија искусен играч кој ќе донесе стабилност и зрелост во младата и талентирана екипа на Барса.
И самиот Перишиќ, според шпанскиот весник, е силно мотивиран да го облече дресот на актуелниот првак на Шпанија. Но, засега, управата на Барселона предводена од Жоан Лапорта не прави конкретни чекори.
Датумот што може да биде клучен е 30 јуни, кога ПСВ ја започнува предсезоната. Клубот од Ајндховен сака да добие јасна слика дали ќе може да смета на Перишиќ. Играчот веќе има понуда за продолжување на договорот, која вклучува и зголемување на платата, но сè уште не дал одговор – барем не официјално.
За изминатата сезона Перишиќ заработи 980.000 евра бруто, а ПСВ е подготвен да понуди подобри услови за да го задржи. Сепак, Хрватот останува фокусиран на потенцијалниот трансфер во Барселона и чека потег од „Камп Ноу“.