Тихо Костадинов има нов клуб, се пресели во Чешка!

by riste
1 минути читање

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Тихомир Костадинот кариерата ќе ја продолжи во Чешка, тој од денеска е член на Сигма Оломуц.

Костадинов во минатата сезона настапуваше во полскиот клуб Пиаст Гливице со кој соработката му заврши по крајот од кампањата. Денеска Сигма Оломуц се пофали дека го обезбедила потписот на нашиот фудбалер.

„Третото засилување на Сигма ова лето е Тихомир Костадионов. 29-годишниот македонски интернационалец доаѓа од Пиаст Гливице“, се вели во дел од соопштението на Оломуц.

Костадинов смета дека потпишувањето за Сигма е чекор напред во неговата кариера.

„Одлучив да играм за Сигма бидејќи мислам дека тоа дефинитивно е чекор напред во мојата кариера. Чешката лига е една од топ 10 лигите во Европа, па ќе биде добар предизвик за мене. Се сретнав со спортскиот директор и тренерот и имаме многу позитивно чувство за тоа. Имам многу пријатели кои играле и се уште играат во чешката лига. Сите ми кажаа дека лигата е на високо ниво“, рече Костадинов.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×