Од таборот на Пелистер соопштија дека спогодбено се разделиле со тренерот Срѓан Захариевски, наскоро ќе го соопштат неговиот наслендик.
Пелистер ќе тргне во сезоната 2025/26 со нов тренер, Срѓан Захариевски го напушта клубот од Битола.
„ФК Пелистер врти нов лист во својата иднина и тој нов почеток ќе го означи со нов шеф на стручниот штаб. Клубот спогодбено го раскина договорот со тренерот Срѓан Захариевски и наскоро ќе го именува неговиот наследник“ – се вели во соопштението.
„Захариевски дојде во ФК Пелистер во зимата 2024 година и ја водеше екипата во вториот дел од шампионатот на Македонија 2024/25. Под негово водство нашиот клуб заврши на шестото место во табелата. Клубот му се заблагодарува за професионалноста и стручноста и му посакува успех во понатамошната кариера“.
„Клубот во најкраток временски период ќе го назначи новиот тренер и неговиот стручен штаб, но и новиот управен одбор и раководечки тим на клубот“.