По вчерашниот ангажман на Бразилецот Калани Алмеида, денеска екипата на Работнички претстави уште две нови имиња како дел од летната реконструкција на тимот.
Клубот од Дебар Маало ги доведе младите фудбалери Дитмир Хоџа и Лорент Жаку, кои пристигнуваат од редовите на Воска Спорт која заврши во најнизок ранг.
Хоџа, кој има само 16 години, е висок 191 сантиметар и настапува како напаѓач, но може да делува и како офанзивен играч за врска. Во минатата сезона во Првата лига запиша осум настапи.
Лорент Жаку, пак, е 17-годишен играч од средниот ред кој за Воска одигра 14 прволигашки натпревари. И двајцата фудбалери потпишаа тригодишни договори со „романтичарите“, кои очигледно силно инвестираат во младиот кадар со надеж за поуспешна сезона.