Напаѓачот на Спортинг Виктор Ѓокереш е желба повеќе европски клубови и се очекува во летниот преоден рок да ја промени средината.
Сепак, според информациите на италијанскиот новинар, Фабрицио Романо Реал Мадрид имал можност и предност во однос на останатите заинтересирани, но одбил да тргне по неговиот потпис.
„Кралевите“ предводени од Чаби Алонсо не го гледаат како дел од своите планови за новата сезона. Напаѓачот на Спортинг Лисабон имаше импресивна сезона, но тоа очигледно не било доволно за да се убеди клубот од „Сантијаго Бернабеу“.
Во Мадрид веројатно сметаат и дека во овој момент не им е потребно уште едно големо име во нападдот.
Последен кој се споменуваше како клуб кој влегува во трката за Ѓокереш беше италијански Јувентус кој е спремен да направи промени во нападот (ТУКА).