Ламин Јамал има само 17 години, но веќе е светска ѕвезда, па кога медиумите го следат секој негов чекор не е лесно да го сокрие приватниот живот. Според последните информации, младиот фудбалер започнал врска со 12 години повозрасната инфлуенсерка и јутјуберка, Фати Васкез.
Фати е едно од највлијателните имиња на дигиталната сцена во Шпанија. Нејзината кариера започнала уште во 2016 година, кога Јамал имал само девет години, а денес брои милионска публика на своите платформи.
Сомнежите за можноа романса се појавија откако фановите забележале неверојатни сличности во објавите на нивните социјални мрежи. И двајцата неодамна престојувале на Сицилија, а фотографиите што ги споделија покажуваат речиси идентични локации, од панорами на градови до кадри од базен и хеликоптер.
Иако досега немаат објавено ниту една заедничка фотографија, сличностите во нивните објави за медиумите во Шпанија се премногу за да бидат случајни.