Готово: Потврдено големото засилување за Ливерпул! (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Унгарскиот репрезентативец со српско потекло, Милош Керкез, е на чекор да стане нов фудбалер на Ливерпул. Според најновите информации, трансферот е практично завршен и останува само официјалната потврда од клубот.

Дека преговорите се во завршна фаза веќе беше познато, откако најпознатите медиумите на Островот објавуваа детали од трансферот. Но, сега и самиот Керкез, заедно со неговиот татко Себастијан, отворено зборуваше за трансферот во подкастот „Индиректно“, при што откри детали кои ретко се споделуваат во јавноста.

Себастијан Керкез нагласи дека клучната улога во договорот ја имал новиот спортски директор на Ливерпул, Ричард Хјуз, човекот кој претходно работеше во Борнмут од каде што прристигнува Керкез.

„За нас Ливерпул е единствена опција. Не преговараме со други клубови и нема да преговараме. Личните услови се веќе договорени, остануваат само технички детали. Тоа е, во суштина, завршена работа. Ричард Хјуз не донесе во Борнмут. Ако ни кажеше да одиме во Индија – ќе одевме во Индија. Тој е човек на кој му веруваме“, изјави таткото на Керкез.

Ова ќе биде сериозен чекор напред во кариерата на 20-годишниот лев бек, кој веќе покажа голем потенцијал на англиската фудбалска сцена.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×